Американска војска: Извини Република Македонијо


Американската армија ја избриша веста за одличната соработка и заедничките вежби со „северномакедонските војници“ што предизвика лавини реакции во јавноста. Од таму велат дека се извинуваат за погрешното именување на нашата земја и го употребуваат уставното име, кое официјално е признаено од САД – Република Македонија.
„Го тргнавме видеото од социјалните мрежи. Го цениме партнерството со Армијата на Македонија и жалиме за грешката“, пишува Армијата на САД.
Спорното видео од Криволак вчера беше објавено на официјалните страници од социјалните мрежи на американската војска. Поддржувачите на бојкотот на референдумот за името со Грција веднаш го искористија овој момент за да поентираат дека со Преспанската спогодба воопшто не е зачуван македонскиот идентитет.