Амал Клуни: Моќно црвено за Обединетите нации


САД– Активистката за човекови права и адвокатка, Амал Клуни (40), за Обединетите нации се облече во моќно црвено.

Адвокатката изгледа шик облечена во црвен фустан соодветен за деловна атмосфера, од новата колекција на Оскар дела Рента. Изгледот е надополнет со кремасти салонки на умерено висока потпетица, беж чанта од Мајкл Корс, додека во раката го носи палтото во песок нијанса.

Сопругата на оскаровецот Џорџ Клуни веќе е прогласена за стилска икона од страна на модната заедница. Совршено дотеранаг-ѓа Клуни станува вистинска инспирација на многу жени особено кога е во прашање стилот.

Благодарение на нејзината изострена естетска перцепција, многу пати до сега била посочувана како пример за комплетна жена со силно нагласен индивидуален имиџ.

Со оглед на нејзиниот професионален живот, многу често може да ја видиме во префинети деловни комбинации. Тоа ни случајно не подразбира, строг, монотон, бизнис имиџ – туку напротив, таа направила точна пресметка како во нејзината елегантна деловна појава да внесе доза на шарм и женственост.