Алкалоид традиционално организира Отворен турнир во забрзан шах


Во организација на Шаховскиот клуб Алкалоид в сабота (3 март) со почеток во 10 часот ќе се одржи традиционалниот Отворен меѓународен турнир во рапид темпо Алкалоид 2018.

На турнирот, своето учество до сега го пријавиле рекорден број, 200 учесници од пет држави, од кои 42 со меѓународни тутули.

– Прворангиран шахист на турнирот е силниот велемајстор од Хрватска Анте Шариќ, а ќе учествуваат најдобрите македонски шахисти: интернационалните мајстори Филип Панчевски и Дејан Стојановски, велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, Влатко Богдановски и Драгољуб Јаќимовиќ, како и голем број млади шахисти, вклучувајќи ги најмладите репрезентативци ФИДЕ мајсторите Никола Николовски и Тони Лазов, информираат од ШК Алкалоид.

Турнирот се одржува во хотелот Континентал во Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 130.000 денари.