Алијансата за Албанците „за“ ЕУ и НАТО на претстојниот референдум


Нашиот став за референдумот на 30 септември е дека ние сме за НАТО и Европската унија, истакна денеска претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, повикувајќи го членството на партијата да гласа на референдумот, кога треба да се одлучи за перспективата и за иднината на ова општество.

– На 30 септември Албанците нема да дозволат повторно да се воспостави ѕид што ќе ги дели Албанците кои живеат на Балканот, на две различни страни, како што беше во период од над 50 години за време на комунизмот, потенцираше Села.

Тој ги повика сите да гласаат на рефернедумот и да дадат поддршка.

– Цената за зачленување на Македонија во НАТО не треба да биде корупцијата, цената за зачленување на Македонија во НАТО треба да биде транспарентноста, треба да биде честа и треба да биде градењето на иднината. Има алтернатива за се, само за една работа нема алтернатива, а тоа е НАТО и Унијата, нагласи претседателот на Алијансата на Албанците.

Тој, по повод започнувањето на кампањата за референдумот, наведе дека во претстојниот период ќе се одржуваат дебати со граѓаните со цел да си го кажат мислењето, како и дека ќе им се објаснат сите придобивки на сите они кои се со скептичен став.

– Ја започнуваме нашата кампања за референдумот на 30 септември со мотото „за НАТО и за ЕУ“. Штабот на Алијансата на Албанците ги направи сите потребни подготовки со мобилизирање на сите партиски структури и формира 27 општински и локални штабови. Состави и агенда на средби со активистите и граѓаните кои ќе бидат во облик на дебати. објасни Бујаре Абази, претседателката на штабот.

Средбите со граѓаните ќе се одржат во градовите: Гостивар на 12 септември, Кичево на 14 септември, Куманово на 16 септември, Битола на 19септември, Дебар на 21 септември, Скопје на 23 септември, Струга на 25 септември и во Тетово на 27 септември се завршува кампањата.