Алијансата за Албанците го избра централниот штаб за референдумската кампања


Централното претседателство на Алијансата за Албанците денеска на својот редовен состанок го избра централниот штаб за референдумската кампања.

Шеф на централниот штаб е избрана Бујаре Абази.

Членови на централниот штаб се избрани:

Арбен Таравари
Елми Азири
Вулнет Ферати
Ремзи Мехмеди
Арта Точи
Халил Снопче
Шефик Дураку

За портпарол на Централниот штаб на АА е избран Флакрон Беџети.

За претседател на Комисијата за финансии е избран Ариф Муса.

Алијансата за Албанците, исто така, го избра мотото за кампањата за референдум “за НАТО и ЕУ”.