Алегри: Освоивме важен бод против силен противник


Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри не беше во добро расположение по завршувањето на средбата помеѓу Аталанта и Јувентус, која заврши нерешено 2:2.

Иако играа со играч помалку од 53 минута поради црвениот картон на Родриго Бентанкур, „бјанконерите“ успеаја да дојдат до бод со гол на Кристијано Роналдо.

– Трпението ми се исцрпи, но подобро да зборувам само за натпреварот. Не сум во добро расположение. Одигравме добро прво полувреме, но ни одбележаа гол со единствениот шут што го имаа. Знаевме дека овој натпревар ќе биде тежок. Во второто полувреме бевме со играч помалку, но се кренавме на нозе и дури можеше да победиме. Освоивме важен бод против силен противник, започна Алегри.

Искусниот стратег одби да ги критикува арбитрите на мечот за црвениот картон на Бентакур.

– Нема да го коментирам судењето на Банти, кој добро се претстави. Никогаш нема да зборувам, бидејќи мораме да им дадеме пример на навивачите. Можам да кажам какви забелешки имам, но тоа ќе биде погрешно. Во Италија, ние никогаш не учиме од грешките што ги правиме. Ни недостасува воспитување, заклучил менторот.