Алегри не ја сака Барселона за противник во следниот круг


 Јувентус се квалификуваше за четвртфиналето во Лигата на шампионите и веќе го чека својот следен ривал.
Тренерот Масимилиано Алегри нема посакуван противник за следниот круг, но има еден услов.
– Единствено не ја сакам Барселона. Секоја година е Барса, Барса, Барса … сакам тоа да запре, изјави Италијанецот.
„Бјанконерите“ веќе беа во група со Каталонците оваа сезона во Лигата на шампионите, тие беа ривали во последната кампања и во 2015 година играа едни против други во финалето.
Жрепката, која ќе се случи откако ќе се одиграат преостанатите осминафинални мечеви, ќе биде целосна – односно секој може да се падне против секој.