Алегри може да го преземе Манчестер Јунајтед


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, може да биде назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед, објави „Лондон Ивнинг стандард“.

Во моментов, Оле Гунар Солскјер привремено е задолжен за „црвените ѓаволи“.

Главен кандидат за функцијата е тренерот на Тотенхем Маурисио Почетино, а 51-годишниот Италијанец е втората опција.

Изданието додава дека Алегри е подготвен да пристигне во Англија.

Манчестер Јунајтед е на шестото место во Премиер лигата со 32 поени по 19 круга од почетокот на сезоната.