Албанија го поддржува дијалогот Белград-Приштина и го поттикнува спроведувањето договорите


Албанија го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија и го поттикнува  спроведувањето на веќе постигнатите договори во текот на овој дијалог, со посредство на ЕУ.

Ова, од Виена, каде учествуваше на неформалиот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ,го порача албанскиот министер за надворешни работи и за Европа, Дитмир Бушати.

Според него, многу значајно е да се поттикне продолжувањето на дијалог меѓу двајцата претседатели,Тачи и Вучиќ, иако е „многу болен и деликатен процес“, а кого го олеснуваат ЕУ и високата претставничка, Федерика Могерини“.

– Исто така е важно да се продолжи со ангажманот на двете страни и да се реализира она што е постигнато во овие процеси, посебно во сверите поврзани со енергијата, поврзаноста, меѓусебното признавање на дипломите, цените на роамингот, кои на некој начин ги држат во „заложници” не само Косово и Србија, туку целиот регион. Подеднакво важно е да се поттикне овој процес кој се надеваме дека ќе биде финализиран преку договори за взаемно признавање и задолжителни законски договори кои ќе обезбедат подемократска стабилност во целиот наш регион. Исто така многу битно е потврдувањето, преку овој процес, на главните столбови на ангажманот и начелата на евроатлантското семејство во нашиот регион, изјави Бушати на средба со новинарите.

Бушати го посочи значителниот напредок што во последно време го направи Албанија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ,како и почетокот на „скрининг“ процесот.

-Мислам дека постигнавме значителен напредок во текот на последните неколку месеци и сега има јасен хоризонт за Албанија и за нашиот сосед (се мисли за Македонија). Постои и временско ограничување. Го започнавме процесот на скрининг кој ќе ни даде големи можности за трансформирање на нашите институции и реформи,-рече Бушати.

Тој договорот меѓу Атина и Скопје за  надминување на проблемот со името,како и дијалогот Косово-Србија ги оцени како големи настани за регионот.