Албанија главен канал за шверц кон Италија
Албанија во 2018 година беше една од главните земји за потекло на нелегалната трговија на секаков вид стоки во Италија, се наведува во извештај за националната безбедност во италијанските пристаништа во текот на минатата година.
Во извештајот стои дека наркотични средства, оружје и цигари илегално се внесуваат преку царинските испостави на пристаништата во Италија, при што Албанија станала главен канал на нелегална трговија.
– Во текот на минатата година е забележано зголемување на шверцот на цигари во италијанските пристаништа. Запленетите количества цигари во текот на 2018 година потврдуваат дека од овој феномен најмногу се погодени италијански пристаништа на Јадранското Море. Запленетите цигари главно се пристигнати од Албанија и Грција, стои во изветајот.
Лани царинските власти и граничната полиција во италијанските пристаништа заплениле околу 102 тони опојни дроги, хашиш, марихуана, кокаин и хероин.
– Шверцот на кокаин се потврдува како монопол на калабриската мафија Ндрангеда, активност што ја спроведува во соработка со странски криминални групи, меѓу нив и албански. Во 2018 година забележан е раст на шверцот на хероин од Албанија преку пристаништето Бари, потврдувајќи ја како еден од главните шверцерски канали од Турција. Хероинот главно се тргува во пристаништата Бари, Трст и Бриндизи, се наведува во извештајот.
Хероинот произведен во Авганистан, Пакистан и Иран влегува во Италија преку Албанија и Турција.
Според италијанските пристанишни власти, последните години раст бележи и шверцот со марихуана, па така лани се запленети 78 тони прозведенаи во Албанија.
Во извештајот за 2018 година се проценува дека Италија останува една од главните земји за дестинација на нелегално оружје што доаѓа од земјите од поранешна Југославија и Албанија. Оваа „активност се врши за сметка на албанските криминални групи кои поседуваат и значителни количини на оружјето “Калашников АК-47“, стои во извештајот.