Актерка од „Игра на тронови“ тврди дека Вајнштајн ѝ уништил деценија од кариерата


Британската актерка и ѕвезда на „Игра на тронови“, Лена Хеди вели дека студиото „Мирамакс“ не ѝ давало улоги затоа што одбила да има сексуални односи со холивудскиот продуцент Харви Вајншатјн.
„Откако беше разоткриен, почнав да размислувам. Можеби тоа што не бев со него влијаеше на деценија од мојата работа. Затоа што пред овие инциденти работев на два пати со Mирамакс (чиј сопственик беше Вајнштајн), а потоа ништо“, вели Хеди, а пренесе Independent.
Вајнштајн беше обвинет од десетици жени, меѓу кои и познати актерки, за силување и сексуално вознемирување.
Британската ѕвезда порано проговори и за своето искуство со Вајнштајн, како и многу други јавни личности, но тој ги негираше сите обвиненија.
Хеди рече дека Вајнштајн прв пат го сретнала на филмскиот фестивал во Венеција во 2005 година, кога, откако ја однесол на прошетка покрај вода, „направил сугестивен коментар и гест“.
Рече дека години подоцна го сретнала во Лос Анџелес тврдејќи дека постојано и поставувал прашања за љубовниот живот.
„Не ме интересира ништо друго освен работата, немојте да мислите дека влегов во лифтот поради друга причина“. му рекла таа на Вајнштајн додека оделе во хотелската соба да ѝ го покаже сценариото.
Тврди дека подоцна ѝ шепнал да не кажува на никого за тоа.