Актерката Мишел Вилијамс тајно се омажи


САД– Aмериканската глумица Мишел Вилијамс (37) тајно се омажи минатиот месец за изведувачот на алернативен рок, Фил Елверум (40). На скромната венчавка присуствувале само најблиските на двете познати личности и нивните две ќерки од претходните бракови.

И двајцата се вдовци. Мишел пред една деценија го загуби својот сопруг, оскаровецот Хит Леџер, со кого ја имаат сега веќе 12-годишната Матилда. Сопругата на Фил, пак, починала од рак на панкреасот пред две години. И тој има ќеркичка, на возраст од три години.