Академија Пандев се врати на врвот во ПМФЛ


Екипата на Академија Пандев се врати на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево во Битола ја совлада Победа од Прилеп со 4:2.

Значаен триумф (2:1) со гол постигнат во последните секунди на мечот во Кратово против домаќинот Силекс забележа и бранителот на трофејот Шкендија.

Гостински бодови освои и Беласица против Ренова со победата од 2:0.

Честа на домашните екипи во 6.прволигашка рунда ја спаси Шкупи кој ја совлада Македонија ЃП со 2:1.

Вчера Работнички – Вардар 0:2.

Води Академија Пандев со 15 бода, пред Шкендија и Вардар кои собраа по 14. По нив следуваат: Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4 и Македонија ЃП 3.