АДСДП е добитник на две награди за претприемиштво


АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Скопје ги доби наградите  ’’Придонес за развојот на претприемиштвото’’  и  ’’Развој на идеи, иновации и инвестиции’’ во конкуренција на повеќе од 300 компании од земјите од Централна и Југоисточна Еропа. Наградата се доделува во рамки на проектот „Создавачи за векови’’ и 6. Регионален самит на претприемачи „300 најдобри’’

Одлуката за лауреатите за  2018  година  ја донесе независен меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент и финансии од 8 држави од регионот.Меѓу досегашните добитници на оваа награда се некои од најголемите и најпочитувани претприемачи од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Италија, Македонија, Германија, Словенија и Србија.