Адвокатите го одложија и судењето за „Мерцедесот“


Стартот на судскиот процес за предметот наречен „Тенк“ кој се однесува на набавка на автмобил „мерцедес“, вреден 600.000 евра, се одложи по барање на бранителот на обвинетиот екс -помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, адвокатот Богољуб Софрониевски, пишува Правосудство.мк

Софорниевски пред судечкиот совет, со кој раководи судијката Добрила Кацарска, кажа дека од вчера е ангажиран како единствен бранител на Поповски и дека немал доволно време да се подготви за денешното, прво судско рочиште. Тој побара од судот да му даде одреден рок за да може да ја подготви својата одбрана, а на што немаше противење од Специјалното јавно обвинителство, иако тие ценат дека одбраната на обвинетите во нивните предмети прави се да дојде до одложување на судските постапки.

Целиот текст на правосудство.мк