Агуеро ќе биде подготвен за Мундијалот


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, соопшти дека заздравувањето на Серхио Агуеро по хируршкиот зафат на коленото тече според планот и дека аргентинскиот фудбалер во целост ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија, кое почнува на 14 јуни.

Агуеро го повреди десното колено во почетокот на март, но Сити и без него успеа да ја освои титулата во Премиер лигата.

Поради повредата неизвесно беше дали ќе настапи и за репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство.

– Агуеро ќе биде подготвен за Мундијалот. Добив информации од докторот Рамон Кугат од Барселона и Серхио одлично напредува, истакна Гвардиола.

Аргентина на Светското првенство во Русија игра во групата Д, а противници ќе и бидат Хрватска, Исланд и Нигерија.