Агуеро ја отфрли можноста да игра во Барса


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ги отфрли шпекулациите дека може да премине во тимот на Барселона. Во последните денови се вели дека постои варијанта Агуеро да го напушти Манчестер Сити и да го облече дресот на „каталонците“. Но, според самиот фудбалер, гласините не одговараат на вистината.

„Во минатото имаше веројатност да делиме една соблекувалната со Лионел Меси и на клубско ниво, но таква сега не постои. Дури само поради возраста на двајцата. Јас сум фудбалер на Сити“, прокоментира 29-годишниот Агуеро.

Запрашан за претрпената операција на коленото непосредно пред Светското првенство во Русија, Агуеро изјави: „За прв пат по пет години можам да клекнам и да не почувствувам болка во коленото“, искрен беше фудбалерот