Автокоманда доби Културен центар


Во општина Гази Баба отворен е Културниот центар „Димитар Влахов“, во кој ќе функционира културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање на филмска музика на компанијата „Феимс“ од Франција.

Културниот центар е изграден по пат на јавно приватно партнерство, помеѓу општина Гази Баба и француската компанија „Феимс“

„Особено сум горд што денес на светскиот Ден на театарот, токму од тука, од местото каде се наоѓаше стариот Дом на култура, можам да ви се обратам од новите простории, кои сега ќе ги користат граѓаните од општината како дом на култура ‘Димитар Влахов‘. Со овој проект започнува децентрализацијата во Република Македонија на културата. Општина Гази Баба е прва општина која ја реализира децентрализацијата во делот на културата и со тоа ќе бидеме пример за другите општини. Сакам да најавам дека преку оваа форма на соработка, со јавно приватно партнерство, во план ни е да ги уредиме и обновиме и другите два дома на култура во општината“, рече градоначалникот Борис Георгиевски вчера на отворањето на центарот.