Австрија домаќин на Евровизија 2019 наместо Израел?


Главниот град на Австрија – Виена следната година може повторно да биде домаќин на Евровизија, иако Израел го освои овогодинешниот натпревар, шпекулираат австриските медиуми.

Веднаш по победата на пејачката Нета, имаше противења за одржување на натпреварот во Израел поради безбедносната ситуација.

Според медиумите, Австрија може да биде домаќин на Евровизија следната година бидејќи државната телевизија на Израел, КАН, побарала пари од владата за организација на овој натпревар, но министерот за финансии одбил да обезбеди финансиски средства.

Израел мора да уплати депозит во износ од 12 милиони евра на швајцарска сметка, како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија.

Крајниот рок за исплата истекува утре, 14 август, и ако парите не се најдат на швајцарската сметка, би се барала друга држава за организирање на натпреварувањето, а Австрија, која пред две години беше домаќин, повторно е подготвена да ја преземе оваа улога.

КАН му се обрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со барање државата да ги обезбеди потребните финансии.