Австралија опен: Возњацки експресно до четвртфиналето


Втората фаворитка на Австралија опен (АО), Каролин Возњацки без поголеми проблеми се избори за место во четвртфиналето.

Данската тенисерка и препушти само три гема на Магдалена Рибарикова од Словачка, која ја совлада со 2:0 (6-3, 6-0).

Во четвртфиналето Возњацки за противник ќе ја има Карла Суарез Наваро.

Суарез Наваро третпат стигна до четвртфиналето по 2009 и 2016 година, откако со пресврт ја победи Анет Контавејт од Естонија со 2/,1 во сетови. Естонката го доби првиот сет со 6-4, а во вториот имаше предност од 4-1, но не успеа да ја задржи па Наваро го доби сетот со 6-4. Во решавачкиот трет сет се водеше голема борба, за на крајот шпанската тениисерка да го добие сетот со 8-6.

Во следната рунда место обезбеди и Белгијката, Мертенс, која беше подобра од Мартиќ од Хрватска со 2:0 (7-6 и 7-5).

Денешната програма кај дамите ќе биде заокружена со дуелот меѓу четвртата носителка Елина Свитилина од Украина и Дениса Алертова од Чешка.