Австралискиот терорист Тарант работел како приватен тренер во теретана


Брентон Тарант, кој во џамија во Нов Зеланд уби 49 лица, работел во теретана „Big River Gym“ во Нов Јужен Велс во Австралија, две години откако го завршил школувањето.
Дал отказ од работа и заминал на пат низ Европа и Азија. Бил многу загреан за работата и работел дури и бесплатни тренинзи за деца. Неговите познаници мислат дека во текот на патувањето се сменило нешто во начинот на неговото размислување, затоа што пред тоа бил сосема нормален,пренесува ABC.
Татко му починал од болест поврзана со азбестоза, а сестра му и мајка му се живи.
Познаниците на Тарант се во шок и сѐ уште не можат да поверуваат дека тој учествувал во крвавиот поход./ Тој својот поход го започнал со зборовите: „Нека почне забавата“, а во автомобилот слушал народна музика, а меѓу песните била и „Remove Kebab”, што всушност е химна на движењето кое сака да се ослободи од муслиманите.