Авион на Визер безбедно слетал откако му откажал еден од моторите пред слетување во Скопје


Патници кои вчера допатувале со авион на Визер од Базел имале проблеми при слетување откако едниот мотор откажал во моменти на приземјување и подготовки за слетување на скопскиот аеродром.

Според патниците кои ја познавале процедурата на слетување, авионот морал да го прекине слетувањето и да сврти неколку круга над Скопје за да го изнивелира авионот за да може да слета само со едниот исправен мотор.

Сите патници безбедно слетале.

Засега нема официјални информации од аеродромот и компанијата.