Абрамович требало да го купи Арсенал, а не Челзи
Според напишаното, во 2003 година Роман Абрамович најмил швајцарски специјалисти за да ја проучат економската реалност во англискиот фудбал. Еден од заклучоците бил дека „Арсенал категорично не се продава“. Наместо тоа, богаташот се насочува кон Челзи и дава понуда од 140 милиони фунти.
Во книгата, исто така, се вели дека поранешниот потпретседател на Арсенал, Дејвид Деин, верувал дека сопствениците на клубот би биле склони да го продадат клубот, ако Абрамович упател понуда.
Новинарите пишуваат уште дека Роман Абрамович се сретнал и со потпретседателот на Тотенхем за понуда, но додека лимузината му минувала по улицата близу стадионот, тој рекол на руски јазик: „Тука е полошо од Омск“.