Џорџ Лукас, творецот на „Војна на ѕвездите“ е најбогата јавна личност

САД– Џорџ Лукас, творецот на филмскиот хит „Војна на ѕвездите“ ја предводи листата на најбогати јавни личности на лијателниот портал „ Celebrity Net Worth” . Богатството на Лукас е проценето на 5,1 милијарди долари.

Веднаш зад него е колегата Стивен Спилберг со заработка од 3,7 милијарди долари.

На третата позиција е најбогатата жена во светскиот шоу бизнис, водителката Опра Винфри која е „тешка“ 3,2 милијарди долари.

На четвртото место според богатството е актерката Џеми Герц со заработени 2 милијарди долари. По неа следува легендарниот Битлс, славниот музичар Пол Мекартни со 1,2 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати јавни личности на светот се и поранешната сопруга на сопственикот на Формула 1 Берни Еклстон, Славица Еклстон со 1,2 милијарди долари.

Зад  Славица која парите ги заработи со добриот развод се многу светски познати фаци како илузионистот Дејвид Коперфилд, Џеј Кеј Ролинг, семејството Кардашијан, Џеј Зи и Мадона.