Џорџина без Роналдо на Мостра во Венеција

Италија- Свршеницата на славниот фудбалер Роналдо- Џорџина Родригез се појави во црна проѕирна свечена тоалета на црвениот тепих на најпрестижниот филмски фестивал во светот- Мостра во Венеција, кој започна вчера.

Нејзиниот фустан го привлече вниманието на фотографите, а таа самоуверено позираше за нив. Неодамна, Родригез и Роналдо се доселија во Италија, поради трансферот на фудбалерот во Јувентус.

Меѓутоа, со Џорџина не се појавил нејзиниот популарен сопруг.

Оваа година, јубилејното издание на Венецискиот филмски фестивал повторно ја собра елитата од целиот свет, но црвениот тепих беше „поевропски“.

Актерката Наоми Вотс се појави со фустан од „Армани Прајв“. Беше до земја, без презрамки и составен од многу широки ленти, распоредени хоризонтално.

Манекенката Сара Сампајо, исто така, се потпре на „Армани Прајв“ со долг фустан и огромна панделка. Манекенката Барбара Палвин им се придружи на своите колеги, но со многу пократок фустан кој ги откри нејзините долги нозе.