Џон Леџенд и Криси Тајген по втор пат родители

САД- Поп-ѕвездата и композитор Џон Леџенд и манекенката Криси Тајген го прошируваат своето семејство. Славниот модел сподели дека е во блажена состојба со слатко видео со ќеркичката Луна. Таа објави видео на кое нејзината ќерка Луна одговара на прашањето – што има во стомакот. Бебе – извика Луна, а Криси додаде дека детето е на Џон.

Познатиот музичар од неодамна во еден магазин откри дека двојката работи на добивање на второ дете и се надева дека тоа ќе се случи наскоро.

Криси и Џон долги години се бореа со неплодност. Тие се обидувале да имаат бебе деветТ години пред да ја добијат Луна благодарение на ин витро оплодување.

Иако засега парот нема споделено каков ќе биде полот на второто бебе, речиси е сигурно дека ќе биде момче. Криси јавно објави дека полот на првото бебе го избрала сама и дека за второто им останал машки ембрион.

„Реков дека следното бебе ќе биде машко, бидејќи таков е ембрионот кој ни останува. Момче. Да“ – напиша таа на Twitter.