Џон Кери го повика Трамп да поднесе оставка


САД – Поранешниот американски државен секретар Џон Кери го повика претседателот на САД, Доналд Трамп да си поднесе оставка.

Кери не исклучи можност да се кандидира на изборите за претседател на САД во 2020 година.

– Во моментот не планирам таква можност, но не ја отфрлам, изјави Кери.

Тој го оквалификува како срамно запирањето на работата на американската Влада поради несогласување меѓу конгресмени демократи и претседателот Трамп за прашањето за финансирање на ѕидот на границата со Мексико.

Кери го обвини Трамп и за кажување невистини особено во врска со Парискиот договор за климата.