Џон Бон Џови „удри“ по Ким Кардашијан: „Што ќе стои во твојата автобиографија? Снимив порно и станав славна?“
САД- Поп-ѕвездата Џон Бон Џови има остри зборови за денешната забавна индустрија, особено за ѕвездите од реалните шоуа и не го крие тоа.
Фронтменот на „Бон Џови“ во интервју за „The Sunday Project“ изјави дека не издвојува ниту минута за риалити ѕвезди и дека не ја одобрува нивната слава без талент.
„Не е за мене. Што ќе стои во твојата автобиографија? Снимив порно и погодете што, станав славна? Извинете ама ќе го прескокнам тоа. Напиши книга, насликај слика, глуми, студирај, пеј, пишувај…“ – вели 56-годишниот музичар, алудирајќи на славата на Ким откако протече нејзина домашна секс снимка со бившиот.