Џеј Зи призна дека ја изневерил Бијонсе

САД- Раперот и продуцент Џеј Зи, во интервју за „Њујорк Тајмс“ призна дека ја изневерил сопругата, поп-ѕвездата Бијонсе, но и дека двојката тешко се справила со тоа.

Џеј Зи моментно го промовира својот најнов албум, за кој пак заработи најмногу номинации за Греми наградите што ќе бидат доделени на 28 јануари во Њујорк.Двата последни албуми на Џеј и Бијонсе беа исполенти со куп песни во кои ги искажуваат своите чувства за неверството кое се случи во нивниот брак.

„Мораш да преживееш. Преминуваш на фазата преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш. Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство, вели Џеј Зи.

Сепак и покрај неверството, двојката одлучи да продолжи понатаму и да ужива заедно со своите три деца Блу Ајви, Руми и Сер.