Џејн Фонда на 80 години дели модни лекции

САД– Актерката, активистка, фитнес гуру и филантропистка Џејн Фонда неверојатно е витална на 81 година, физички изгледа многу помладо и нејзината енергија и заразна. Здравиот живот и се гледа во изгледот, а годините не и се важни ни кога ги следи модните трендови.

Фонда, легенда во Холивуд потекнува од славно уметничко семејство. Ја обожаваме во филмовите од 1960 година, и како славна личност ги втемели фитнес вежбите како нормална навика во секој дом. Три пати се мажеше и се разведуваше. За францускиот режисер Роже Вадим, за поранешниот сенатор Том Хајден и за медиумскиот моќник Тед Тарнер. Освои два Оскари, во 1971 година и во 1978 година.