Џесика Алба со прва семејна честитка за Божик

САД– Холивудската актерка Џесика Алба ја сподели првата семејна честитка за Божик на социјалните мрежи.

Во домашен амбиент и во пиџами, трите деца на Алба и сопругот Кеш Ворен позираат насмеани, покрај камин.

-Ова беше чудесна година, и сакаме среќно да ја привршиме заедно со семејството, пријателите и колегите, изјави Алба.