Џенова освен Пандев го сака и Мирко Ивановски

За македонскиот интернационалец Мирко Ивановски сериозен интерес пројавува италијанскиот клуб Џенова, каде во моментов настапува капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев.

Според италијанскиот портал специјализиран за фудбал „ Калчомеркато“, калчолигашот сака до доведе напаѓачот на Славен Белупо на крајот од сезоната како слободен играч во летниот преоден рок.

Истиот медиум наведува дека Ивановски добил понуда за продолжување на договорот со хрватскиот клуб, но ја одбил поради желба за нов предизвик.

Тој досега даде 20 голови во дресот на Славен Белупо.