Џенифер Гарнер доби ѕвезда во Холивуд

САД- Познатата глумица Џенифер Гарнер со својот талент за глума,со убавината,со својата духовитост, си доби ѕвезда на холивудската Патека на славните.

На церемонијата по повод примањето на ѕвездата, 46-годишната актерка, облечена во коктел тоалета на Муре, беше обиколена од роднини и пријатели.

Трите деца кои Гарнер ги има со актерот Бен Афлек исто така беа присутни на настанот. Џенифер блескаше од среќа и нежно ги бакнуваше и прегрнуваше 12-годишната Вајолет, 9-годишната Серафина и 6-годишниот Семјуел.

„За моите деца, кога ќе чекорите над оваа ѕвезда, сакам да се сетите прво дека ве сакам и дека ова е за напорната работа и добрата среќа и ништо повеќе од тоа. Вие ме дефинирате како личност, а не ова место на тротоарот“ – рече таа во своето обраќање кон трите деца.