Ќе се снима филм за секс-скандалот Вајнстин

САД- Продукциските куќи „Анапурна“ и „План Б“ , во соработка со новинарите од „Њујорк Тајмс“ кои го открија секс скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, планираат да снимат филм. Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, којшто исто така претставува истражувачка новинарска сторија.

Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултираше со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и банкрот на истата.

Репортерите кои го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи месецов ја добија Пулицеровата награда, токму за овој најголем скандал во Холивуд.