Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: Inside the Trump White House”, во којашто беа изнесени шокантни тврдења за првата година од претседателствувањето на Доналд Трамп, ќе биде адаптирана во ТВ серија, објави „Вараети“.

Правата за серијата ги откупи агенцијата Ендивор Контент.

Книгата, инаку, содржи и сведоштва на поранешниот главен политички советник во Белата куќа, Стив Бенон, кој беше отпуштен откако јавно го критикуваше синот на претседателот, Доналд Трамп Помладиот, за негова средба со адвокат од Русија.

Претседателот Трамп во неколку наврати нагласи дека книгата се состои од фалсификати.

Вулф пак, тврди дека книгата е базирана на над 200 интервјуа, и дека тој самиот имал непречен пристап до Белата куќа.