Ќе се прават анализи за зголемување на прагот на оданочување за физичките лица

Ќе се прават анализи за тоа дали да се зголеми прагот на одданочување со ДДВ на физичките лица, изјави денеска Јована Аврамовска од прес-службата на Министерството за финансии.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентирањето на истражувањето Отворен буџет (ОБИ) 2017, Аврамовска напомена дека ако има какви било промени, јавноста ќе биде информирана.

– Го слушнавме мислењето на јавноста. Мора да се направат анализи. Ако има промена, граѓаните ќе бидат информирани, нагласи Аврамовска.