Ќе се плаќа паркирањето на мотоциклите

Градот Скопје ќе започне со наплаќање паркинг за мотоцикли. За новината ќе се расправа на следната седница на Советот на Градот, а целта, според градоначалникот Петре Шилегов, е да се воведе ред бидејќи сега моторџиите паркираат каде што ќе стигнат.

Паркинг-места за мотоциклите ќе има на сите јавни паркиралишта на „Градски паркинг“ кои ќе бидат посебно обележани. Од градското претпријатие велат дека во моментов го оформуваат ценовникот, а крајната одлука за цената ќе ја има Советот.