Ќе има казни за палење бадникарски огнови

Палењето огнови на отворено, па макар и за бадник е строго забрането и е казниво според законот, предупредуваат градските власти. Во дописот испратен до „Независен весник“, се апелира кон воздржување, бидејќи директно влијае врз нашето здравје.

„Една од првите мерки на Град Скопје и градоначалникот Шилегов за справување со големите загадувања на воздухот во градот беше токму промовирана преку кампањата пријави оган на отворен простор на телефонот 193 во секое време. Оттука апелите се насочени кон воздржувањето од палење на огнови на отворено, бидејки најдиректно влијаат на загадувањето на воздухот, а со тоа и на здравјето на нашите поколенија. Палењето на огновите на отворено, независно од поводот, согласно законот е строго забрането и казниво, и за таков вид прекршок казни може да изрекуваат градските и општинските инспекциски служби и полицијата“, велат од Град Скопје.

Претходно, скопските општини донесоа заедничка одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа намена. Казната за палење оган на отворено е 200 евра. (Г.А.)