Ќерката на Елвис Присли го тужи ексменаџерот: Наследството од 100 милиони исчезна!

САД– Лиза Мери Присли, единствената ќерка на кралот на рокот Елвис Присли го тужи екменаџерот Бери Сигел за лоши инвестиции кои и го стопиле наследството од 100 милиони долари.

Лиза беше единствениот наследник на имотот и правата по смртта на Присли во 1977 година. Таа во 2005 година ги продаде правата за 100 миони долари, а семејството во 2015 година го продаде  имотот „Грејсленд“ во Мемфис, Тенеси, за 115 милиони долари каде живеел и е погребан Присли.

Адвокатот на Сигел изјави дека неговиот клиент е невин и дека Лиза Мери Присли не ги слушала ниту почитувала неговите финансиски совети.