Јункер: Бугарското претседавање со ЕУ може да ги нормализира односите со Турција

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер смета дека Бугарија, како претседател на Европскиот совет во следните шест месеци, може да има значајна улога во нормализирање на односите меѓу Турција и ЕУ.

Според Јункер, ЕУ сака да има блиска соработка и партнерство со Турција. Тој, сепак, додаде дека обновувањето на односите со оваа земја зависи исто така и од Анкара.

– Како соседна држава, Бугарија може да ги искористи тесните врски со Турција, како посредник за подобрување на дијалогот (со ЕУ), рече Јункер, истакнувајќи дека секогаш е подобро да се разговара меѓу себе, отколку едни за други.