„Југохром“ ќе постави филтри со кредит од МБПР

Владата на седница вчера ја задолжи Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) да склучи договор за кредит од 92.242.500 денари со комбинатот „Југохром“ од Јегуновце за изградба на филтерска постројка за заштита од загадување.

Кредитот ќе биде од линија на Посебниот кредитен фонд, а  вградувањето на филтрите ќе ја исполни законската обврска беа која фабриката не може да продолжи да работи и да ги ангажира вработените.

Портпаролот на Владата Муамет Хоџа на прес-конференција денеска соопшти дека кредитната линија е со рок на отплата од пет години и грејс-период од една година, а потпишаниот договор меѓу МБПР и „Јегунивце“ ќе биде и јавно објавен.

-Очекуваме конечно да биде решен проблемот со загадувањето, односно изградба на филтри во овој капацитет. Сметаме дека ова позиитивно ќе влијае на заштитата на животната средина, но и  од економскиот аспект – овој капацитет да продолжи да работи во иднина кога ќе ги исполни законските услови, рече Хоџа.

Посочи дека компанијата не може да функционира додека не ги исполни критериумите што се бараат со закон и додека не ја добие дозволата од Министерството за животна средина.

Владата на РМ вчера на седница одлучи да ги зголеми средствата за поддршка на трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата од 14 милиони на 21 милион денари, и го задолжи Министеството за економија да објави втор јавен оглас  на кој право на аплицирање ќе имаaт сите домаќинства кои купувале печки на пелети  од 1 септември  до 12 декември 2018 година.

Причината за зголемување на средствата е во тоа што првично планираните 14 милиони денари се веќе обезбедени за 450 домаќинства кои аплицирале на огласот на Министерството за економија.

На прашањето зошто продолжува за седум дена  тендерска постапка за универзален снабдувач на електрична енергија, која требаше да заврши на 3 декември, портпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговори дека е во насока на транспарентност и набљудување на постапката на избор на снабдувачот.

-Процедурите бараат секогаш кога има измени во тендерската постапка, таа да биде пролонгирана. Меѓутоа овојпат пролонгирањето е за седум дена, се работи за техничка измена, во насока на поголема транспарентност, додаде Бошњаковски.