Јоновски е повреден, нема да игра против Романија

Ракометарот на бундеслигашот Ратинген и на македонската репрезентација, Ацо Јоновски, поради повреда нема да игра во јунските бараж средби против Романија за пласман на Светското првенство.

Неговиот клуб на социјалните мрежи објави дека Јоновски на еден од натпреварите во лигата се здобил со повреда на градниот кош, а прогнозите се дека бекот треба да одмора најмалку три месеци.

Македонија на 10 и 13 јуни ќе ги одигра двата бараж натпревари за пласман на СП со Романија.