Јовиќ победата ја посвети на Минчо Јорданов

Тренерот на Металург, Александар Јовиќ синоќешната победа над Цеље, ја посвети на спонзорот на клубот Минчо Јорданов.

– Благодарност до публиката, која во голем број не бодреше и на овој натпревар. Ветивме дека ќе се бориме, дека ќе дадеме се од себе и кажавме дека овој натпревар ќе го посветиме на нашиот спонзор Минчо Јорданов. Тоа го исполнивме и мислам дека ги израдувавме сите. Мило ми е што сезоната ја завршивме со победа и сега треба полека да се насочиме кон домашно првенство, кое нема да биде нималку лесно, истакна предводникот на Металург на прес-конференцијата по дуелот со словенечкиот тим.

Металург го победи Цеље со 28:26 на последниот свој дуел оваа сезона во регионалната СЕХА лига завршувајќи го натпреварувањето на 7. место со седум победи, еден нерешен резултат и 10 порази.