Јовица Угриновски по трет пат избран за претседател на Планинарска федерација

Јовица Угриновски доби трет мандат на чело на Федерацијата на планинарски спортови. На денешното собрание 24 претставници на планинарски здруженија гласале за да остане претседател на федерацијата, двајца биле против а шестмина биле воздржани.

Тој беше и единствениот кандидат. Другите двајца кандидати кои биле предложени од планинарските друштва сами се повлекле, пренесе Телма.

Планинарката Југослава Дуковска која гласаше против, вели дека третиот мандат на Угриновски е спротивен на статутот на федерацијата, според кој еден ист претседател не може да биде избран повеќе од два последователни мандата. Но зошто не се согласува со негвиот реизбор е моралната одговорност поради смртта на младите планинари Калина и Александар на Кајмакчалан во февруари годинава.

Членот на претседатлеството Љубомир Котевски пак уште пред почетокот на собранаието рече дека Угриновски ја држи федерацијата на прав пати ги има заслугите за добрите резултати. За лошите, како трагедијата кај Кајмакчалан не гледа вина ниту кај претседателот ниту кај федераицијата. Тврди дека бројните органзиациски пропусти не влијаеле на трагедијата.

За Дуковска тезата за индивидуална одговорност е неприфатлива. Водичот не смеел да дозволи на тоа невреме да ја води групата кон врвот, вели таа.

На почетокот на собранието Угриновски го претстави и извештјаот од работата на Федерациата каде на крајот ја спомена и смртта на малдите планинари со порака дека планината не простува грешки и клубовите да ги едуцираат своите членови.

Промени во федерацијата периодов во јавноста се бараше и од планинари и пријатели на Калина и Александар. Угриновски понудил оставка од морални причини денеска откако делегатите го изгласаа за трет мандат но делегатите не му ја прифатиле.

Иако за дел од раководството на федерацијата од правен аспект смртта на младите планинари е затворен случај, три месеци по трагедијата Обвинтелството се уште истражува и не го кажало последниот збор за кривичната одговорност.