Јелена Јованова на плажа во Котор

Јелена Јованова (33) е една од нашите најубави и најангажирани актерки дома, но и во странство, летово го спои одморот со работа. Се пофали на социјалните мрежи дека позира на плажа во Котор во Црна Гора која воедно и е канцеларија. Не открива за што станува збор, најверојатно е реклама за македонски бренд. Но, според статусот на фотографијата, се изгледа дека Јованова ужина на Јадранското море.

Таа пред неколку месеци објави фотографија на која е прегрната со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.  Јелена глумеше во филмот „Во земјата на крв и мед“ што го режираше Џоли, по што останале во пријателски односи.

Јелена многупати изјавила дека е во контакт со Џоли и по снимањето на филмот. Покрај заедничката фотографија таа напиша дека Анџелина е жената што ѝ го променила животот.

Јелена секогаш е подготвена за нови претстави, филмови, серии. Ја видовме во шпанскиот трилер „El desentierro“ на режисерот Начо Руиперез, каде што ја толкува главната женска улога. Претходно, ги нанижи филмските улоги во хрватскиот филм „Устав на Република Хрватска“, српскиот „Злогоње“, ирскиот филм „Како да ме нема“. Јованова глумеше и во сите телевизиски серии што ги реализираа македонските продукции: „Преспав“,„На терапија“, „Инсајдер“, а ја играше и главната улога во хрватската серија „Тајни“.

Јованова стабилно го трасира својот пат кон интернационална кариера, а успешно го менаџира и својот приватен живот. Родена е во Босна и Херцеговина, израсната во Македонија, а во моментов е во Хрватска. Честите патувања не стивнуваат ниту сега бидејќи матичен театар ѝ е МНТ Скопје, а со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, живеат во Загреб.