Ја лажирал сопствената смрт за да земе пари од осигурување, сопругата од тага ги убила децата и себеси

Кинеската полиција уапсила маж што ја лажирал својата смрт за да добие пари од осигурување. Мажот имал сопруга и две деца, а со жена си не го споделил планот за лажирање на сопствената смрт. Три недели по лажната смрт на сопругот, жената ги убила нивните две деца по што си пресудила и себеси.

Полицијата сметала дека 34-годишникот Кинез умрел откако неговиот автомобил бил пронајден потопен во рекаа. Неговото тело не е пронајдено, па бил прогласен за мртов. Три недели по неговата смрт, неговата сопруга ги удавила нивните две деца и себе, а на социјалните мрежи оставила порака.

Мажот потоа ѝ се предал на полицијата. Сега е обвинет за лажирање на сопствената смрт и за намерно нанесување штета, со оглед на тоа што го потопил автомобилот кој бил позајмен.

Кинезот во септември зел осигурителна полиса со која во случај на смрт требало да добие 145.000 долари. Како корисник на осигурувањето во случај на негова смрт е наведена неговата сопруга. Дополнително е откриено дека тој имал долго од повеќе од 100.000 јени.