Јапонски министер јавно се извини оти задоцнил три минути

Јапонски министер задолжен за Олимписките игри, Јошитака Сакурада јавно се извини затоа што три минути задоцнил на состанокот на собранието.
Опозициските пратеници велат дека неговата лежерност е знак на непочитување на функцијата и го бојкотирале состанокот на буџетската комисија пет часа, како знак на протест.
Тие остро реагираа бидејќи Сакурада има направено серија гафови.
министерот минатата седмица се најде на удар затоа што рече дека се чувствува изневерен откако пливачката од која се очекувал олимписки медал соопшти дека е болна од леукемија.
„Таа е потенцијален освојувач на златен медал на Игрите во Токио 2020 година, спортист од кој многу очекував. навистина сум разочаран“, рече министерот,  по што беше принуден да се извини.
Сакурада, кој ја обавува и функцијата министер за сајбер безбедност. го привлече вниманието на светската јавност и минатата година, кога изјави дека никогаш не користел компјутер и дека работите кои бараат употреба на компјутер секогаш ги извршувале неговите подредени.
Опозицијата повеќе пати побара негова оставка.