Јапонски космонаут тврди дека во вселената пораснал за 9 сантиметри

Јапонскиот космонаут Норисиге Канаис изјави дека пораснал за 9 см по само три недели престој на Меѓународната вселенска станица.

„Денес имам важна вест. Ги поминав медицинските истражувања, вклучувајќи мерење на физичките параметри, и се покажа дека висината ми се зголемила за 9 см“, напиша на Твитер Јапонецот и со шеговито тон додаде дека висината не му се менувала од средно школо и дека сега е загрижен дека наскоро не ќе може да се врати во седиштето на вселенското летало „Сојуз“.

Во врска со изјавата Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA) истакна дека тврдењата на космонаутите се во согласност со резултатите на многубројни спроведени истражувања, според кои недостатокот на гравитација во вселената води до зголемување на висината од 1 до 2 см.

„Досега, сепак, никогаш немало зголемување од 9 см“, рече експерт за агенција.