Јапонија има недостиг од нинџи и покрај платата од 23.000 долари годишно

Можеби сте слушнале дека Јапонија ја тресе демографската криза, но сигурно не сте слушнале дека Земјата на Изгрејсонцето е пред уште една, малку поинаква криза. Имено, Јапонија, земја меѓудругото позната по своите борачки вештини, има недостиг од нинџи.

Новинарката од британски „Индипендент“, Сали Херштс, го посети малиот град Ингу во централна Јапонија, кој се смета за место од каде што потекнуваат нинџите. Секоја година, во времето на годишниот фестивалот на нинџите, овој град го посетуваат околу 100 илјади туристи.

Од друга страна, Ингу има два големи проблеми. Првиот е намалување на популацијата, бидејќи секоја година повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат, а вториот е заминувањето на младите луѓе, кои не можат да го замислат својот живот во рурална средина. Затоа, градоначалникот Сакае Окомото ја промовира културата на нинџи повеќе од кога било.

„Во моментов напорно работиме за да запознаеме што повеќе луѓе низ целата земја и светот со културата на нинџите. Еден начин е одржување на годишниот фестивал помеѓу април и мај, кој е добро посетен, но чувствувам дека самиот фестивал не е доволен”, рече градоначалникот.

Се разбира, не е лесно да се најде некој што ќе дојде да живее во село бидејќи невработеноста во земјата е малку повисока од 2 проценти, па градоначалникот сè уште бара нови нинџи.

Да додадеме дека годишната плата на нинџите се движи до 23 илјади долари годишно, што е повисока отколку во другите делови на Јапонија. За некој да стане нинџа, потребна е напорна обука, така што луѓето, и покрај понудените солидни приходи, не покажуваат особен интерес да станат нинџи.