„Јагуарот“ го откри подарокот од принцот Хари: Синиот прстен на леди Дијана на прстот на Меган

Англија- Отмениот „Јагуар“  додека се возеа на вечера во Фрогмор Хаус, на забавата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, по свадбата, го откри подарокот на принцот Хари за Меган. Огромен син камен блескаше на прстот на војвотката на Сасекс.

Фустанот со макси должина на дизајнерката  Стела Макартни беше надополнет со сатенски чевли од „Аквазура“ и со впечатлив син прстен со аквамарин.

Палатата Кенсингтон потврди дека принцот Хари, на ден пред свадбата, и го подарил синиот прстен на својата идна сопруга, од колекцијата на накит оставена од неговата мајка, принцезата Дијана.

Прстенот е направен од 24-каратно жолто злато, а на средината има голем, светло-син камен опкружен со помали дијаманти.

Овој прстен бил нарачан од Дијана веднаш по нејзиниот развод, а дизајниран е наменски за да одговара на претходно нарачаните ѓердан и нараквица. Вредноста на прстенот се проценува на 75.000 фунти, според денешната понуда на пазарот, но со оглед на фактот дека бил во сопственост на принцезата Дајана, веројатно ќе достигне многу повисока цена на аукција.

Прв пат со овој прстен на раката, а во комбинација со бисерната нараквица со впечатлив син-камен на средината, принцезата Дијана се појавила на посетата на Сиднеј во 1996 година. На приватна аукција на нејзините фустани пак, од 1997 година, беше фотографирана носејќи го прстенот, за последен пат. Само два месеци подоцна, таа трагично загина во сообраќајна несреќа, на 36 години.

Во својот тестамент, принцезата Дијана целиот свој накит го оставила на нејзините два сина, принцот Вилијам и принцот Хари.